Најнови информации
Институтот на сметководители и овластени сметководители информира дека Регистарот на овластени сметководители и Регистарот на сметководители се дополнети со носители на уверенија за кои е завршена постапката за упис, согласно Законот за вршење сметководствени работи.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2021 година, во однос на март 2020 година, изнесува 106.7.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (18.3 %), Информации и комуникации (12.2 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (12.0 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (15.5 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (5.2 %) и Градежништво (3.7 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во март 2021 година, изнесува 42 097 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2021 година, во однос на март 2020 година, изнесува 106.8.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (17.9 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (12.3 %) и Информации и комуникации (12.1 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (14.9 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (5.3%) и Градежништво (4.0 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2021 година, изнесува 28 217 денари.
Институтот на сметководители и овластени сметководители информира дека Регистарот на овластени сметководители и Регистарот на сметководители се дополнети со носители на уверенија за кои е завршена постапката за упис, согласно Законот за вршење сметководствени работи.
Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ информира дека Регистарот на друштва за вршење сметководствени услуги и Регистарот на ТП – овластени сметководители се дополнети со правните субјекти кои се стекнаа со правото за добивање на лиценца за работа согласно Законот за вршење на сметководствени работи и кои се запишани во соодветните регистри.
Почитувани,
Во прилог дописот до УЈП во врска со рокот за достава на ДДВ-04 Пријави
Со почит,
ИСОС
Врз основа на Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година, работодавачот може да оствари право на финансиска поддршка во износ во износ од најмногу до 21.776 денари месечно по работник, утврден согласно работното време (полно или неполно работно време) на кое е пријавен работникот, намалено за работното време за кое работникот остварува надоместок на плата кој не паѓа на товар на работодавачот, кој износ не може да биде повисок од платата на работникот која ја исплаќа работодавачот за месецот за кој бара финансиска поддршка.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, изнесува 102.7.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (10.2 %), Други услужни дејности (8.3 %) и Рударство и вадење на камен (7.7 %).
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (8.9 %), Уметност, забава и рекреација (6.2 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (4.0 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во февруари 2021 година, изнесува 41 704 денари.