Најнови информации

Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба, со која се уредува право на намалување односно ослободување на износот на аконтациите на данокот на личен доход како мерка за поддршка на обврзниците на данокот на личен доход кои остваруваат доход од самостојна дејност и кои претрпеле штети во своето работење поради ширење на Коронавирусот COVID-19.

Со Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночна постапка за време на вонредна состојба донесена од Владата на Република Северна Македонија, се утврдува намалување на каматата на износот на помалку или повеќе платениот данок и споредните даночни давачки.

Согласно одредбите на уредбата на износот на помалку или повеќе платениот данок и споредните даночни давачки освен каматата, се пресметува и наплатува, односно плаќа камата во висина од 0,015% за секој ден задоцнување.
Воедно со уредбата се утврдува дека Управата за јавни приходи нема да објавува листа на должници на доспеани и неплатени долгови за месеците април, мај и јуни 2020 година.

Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредна состојба со која се уредуваат одредбите кои се однесуваат на свикување и одржување годишно собрание на акционери и собир на содружници, од страна на органот на управување на акционерските друштва, односно органот на управување на друштвата со ограничена одговорност.

Согласно одредбите на Уредбата, за акционерските друштва, кај кои започнал да тече рокот за свикување и одржување годишно собрание на акционери и за друштвата за ограничена одговорност кај кои започнал да тече рокот за свикување и одржување собир на содружници, нема да се одржи годишно собрание на акционери, односно нема да се одржи собир на содружници, за време на траењето на вонредната состојба.
Започнатите постапки за свикување и одржување годишно собрание на акционери, односно собир на содружници, се одложуваат за време на траењето на вонредната состојба.

Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници дека од петок 27.03.2020 година го продолжува работното време од 08:00 до 14:00 часот во Регионални дирекции/одделенија/шалтери.

Причина за оваа одлука на Управата за јавни приходи во услови кога во земјата е прогласена вонредна состојба поради Корона вирусот COVID-19, е да им излезе во пресрет на сите оние обврзници кои се најпогодени од последиците од Корона вирусот COVID-19 и на кои им е потребно уверение за платени даноци и придонеси што ќе им послужи пред Развојната Банка на Северна Македонија.

Управата за јавни приходи ги советува и упатува апел до даночните обврзници наместо да доаѓаат лично во Управата за јавни приходи да го поднесат барањето за издавање на Уверение преку системот е-Даноци.
Во прилог е и листата на дејности кои може да аплицираат за кредитната линија на Развојната Банка на Северна Македонија.

ДОПИС ДО ВЛАДА И МФ НА РСМ

Почитувани,
Во продолжение линк од дописот на ИСОС

Барање

Со почит,
ИСОС

Владата на Република Северна Македонија на својата 28-ма седница го усвои Записникот од Десеттиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19, одржан на 25 март 2020 година.

Како дел од оваа точка, на предлог на Комисијата за заразни болести, и по заклучок на Главниот координативен кризен штаб за целосна координација за спречување на внесување и ширење на коронавирусот COVID-19, Владата донесе одлука измени и дополнувања на забраната на движење на целата територија на Република Северна Македонија за време на деновите на викендите.

Првите 5,7 милиони евра бескаматни кредити како директна помош за микро, мали и средни претпријатија во борбата со КОВИД-19 од полноќ се достапни на компаниите. Развојната банка на Република Северна Македонија денес на својата веб страница www.mbdp.com.mk го објави јавниот повик за оваа прва кредитна линија, а аплицирањето почнува од 00:00 часот вечерва, соопшти на прес-конференција генералниот извршен директор на банката, Кире Наумов.

Барање до ЦРМ

Почитувани,
Во продолжение линкови од барањето испратенo до ЦРМ


Барање до ЦРМ

Со почит,
ИСОС

Страница 4 од 99

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69