Најнови информации
Институтот на сметководители и овластени сметководители информира дека Регистарот на овластени сметководители и Регистарот на сметководители се дополнети со носители на уверенија за кои е завршена постапката за упис, согласно Законот за вршење сметководствени работи.
Со воведувањето на нов образец ДДВ 04 согласно измените и дополнувањата на Закон за данокот на додадена вредност (Службен весник на РСМ, бр. 267/20), увидено е отежнато поднесување на образецот ДДВ-04.
Се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 за даночниот период од 01.10.2020-31.12.2020 и 01.12.2020 -31.12.2020 се продолжува за 4 дена, односно за краен рок за поднесување ќе се смета 29 јануари 2021.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, изнесува 107.0.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (11.2 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (11.2 %) и Образование (9.5 %).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4.1 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (3.6 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.4 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2020 година, изнесува 27 588 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, изнесува 107.4.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (11.6 %), Уметност, забава и рекреација (11.2 %) и Образование (10.2 %).
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4.2 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (3.8 %) и Рударство и вадење на камен (3.7 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2020 година, изнесува 41 141 денар.
Почитувани,
Ве известуваме дека Институтот на сметководители и овластени сметководители согласно своите овластувања писмено се обрати до следните надлежни институции во врска со евентуалните продолжувања на рокови за достава на годишна сметка, финансиски извештаи и обрасци за фискални давачки, како и одговор/и од истите:.
- Допис - Барање до УЈП
- Допис - Барање до ЦРМ
- ЦРМ - Одговор на барање
- Допис - Барање до Министерство за финансии
- Допис - Барање до Влада на РСМ
Со почит,
Исос
Почитувани,
Согласно член 36 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Сл. весник на Р.С.М. бр.101/2019) Институтот на сметководители и овластени сметководители го подготви следниот Годишен извештај.
Со почит,
ИСОС
Институтот на сметководители и овластени сметководители информира дека Регистарот на овластени сметководители и Регистарот на сметководители се дополнети со носители на уверенија за кои е завршена постапката за упис, согласно Законот за вршење сметководствени работи.
Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ информира дека Регистарот на друштва за вршење сметководствени услуги и Регистарот на ТП – овластени сметководители се дополнети со правните субјекти кои се стекнаа со правото за добивање на лиценца за работа согласно Законот за вршење на сметководствени работи и кои се запишани во соодветните регистри.