Најнови информации
Почитувани,
Ве информираме дека Образецот ”ДЕ” се заменува со нов образец, согласно последните измени во Правилникот за посебни податоци, потребни за системот на државна евиденција и за формата и содржината на образецот за државна евиденција, Сл. весник на РСМ, бр.299/20 од 17.12.2020 година. Посебни податоци за државна евиденција за субјектите
Повеќе информации за поднесување на годишна сметка
Со Почит
Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ информира дека Регистарот на друштва за вршење сметководствени услуги и Регистарот на ТП – овластени сметководители се дополнети со правните субјекти кои се стекнаа со правото за добивање на лиценца за работа согласно Законот за вршење на сметководствени работи и кои се запишани во соодветните регистри.
Институтот на сметководители и овластени сметководители информира дека Регистарот на овластени сметководители и Регистарот на сметководители се дополнети со носители на уверенија за кои е завршена постапката за упис, согласно Законот за вршење сметководствени работи.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, изнесува 109.0.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (12.3 %), Преработувачка индустрија (11.7 %) и Уметност, забава и рекреација (11.4 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (4.5 %), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (4.2 %) и Стручни, научни и технички дејности (3.8 %). Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври 2020 година, изнесува 41 654 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, изнесува 108.4.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствената и социјалната заштита (12.0 %), Уметност, забава и рекреација (11.6 %) и Преработувачка индустрија (11.0 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (4.4 %), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (4.4 %) и Стручни, научни и технички дејности (3.6 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2020 година, изнесува 27 899 денари.
Почитувани,
На линкот во продолжение ќе се информирате за огласот за вработување на Правниот факултет „Јустинијан први“ – Скопје.
Со почит,
ИСОС
Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на денешната Прес конференција, ја информираше јавноста за искористеноста на мерката финансиска поддршка за исплата на плати за месец Октомври 2020 година.
За месец октомври 2020 поднесени се 13,819 барања БФП-ИП/2, на 12,598 работодавачи е исплатено вкупно 961,613,984 денари, за вкупно 61,556 вработени. Вкупно 179 работодавачи кои примиле финансиска поддршка за месец октомври 2020 во износ од 5.271.771 денари, не ја исполниле обврската за исплата на плата за 338 вработени.
- ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПЛАЌАЊЕ НА МЕСЕЧНИТЕ АКОНТАЦИИ НА ДЛД ОСТВАРЕН ОД ВРШЕЊЕ НА САМОСТОЈНА ДЕЈНОСТ
Пристапот до Барањето за потполнување и поднесување можете да го пронајдете во главното мени во Доход од вршење самостојна дејност/ДЛД-ОМА/1*