×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 561

Најнови информации

Советот на Народната банка на Република Македонија вчера ја одржа својата седница, на која како што се наведува во сооопштението, беа усвоени Кварталниот извештај и макроекономските проекции до крајот на 2017 година, при што беше утврдено дека кварталните остварувања во првиот квартал од 2017 година упатуваат на слична макроекономска слика како и во претходните, октомвриските проекции.

Институтот на сметководители и овластени сметководители се обрати до Министерството за образование и наука на Република Македонија, со цел правилно определување на тоа кои звања наведени во уверенијата издадени од универзитетите во Република Македонија, а со кои се стекнале лицата по завршениот факултет се од областа на економија и бизнис.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во март 2017 година, во однос на март 2016 година, изнесува 101.9.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2017 година, во однос на март 2016 година, изнесува 101.8.

Институтот за сметководители и овластени сметководители ги известува своите членови, носители на уверенија за овластени сметководители и сметководители, дека при уплата на надоместоците и членарините е потребно покрај името и презимето да се наведе и бројот на уверението, за да може навремено и точно да се евидентира Вашата уплата.

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија, подготви Предлог иницијатива за измена на законската регулатива, со која се регулира пополнувањето и доставувањето на податоци во статистичките обрасци согласно законската обврска (Закон за државна статистика „Службен весник на РМ бр. 54/97, 21/07, 51/11, 20/13, 104/13, 24/14, 42/14, 13/15, 192/15, 07/16 и 27/16).

Се известуваат делегатите на Собранието на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија дека закажаната Седница за петок 19.05.2017 година во 12:00 се одложува.

Објавуваме информација за лицата кои ги пропуштија роковите по јавните повици од 2016 година и тоа:

Страница 72 од 76

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69