×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 561

Најнови информации

Централниот регистар на Македoнија информира дека од 04.04.2017 година, преку системот за е-потврди и интернет дистрибутивниот систем на Централен регистар постои можност да се користи новиот производ – потврда од залог и лизинг.

Народната банка на Република Македонија најавува одржување на Десеттата јубилејна конференција за плаќања и пазарна инфраструктура со наслов: „Двигатели нa интеграцијатa на плаќањата во Европа – иновации и соработка“. Конференцијата се организира во соработка со централните банки на Холандија и Португалија, а ќе се одржи во Охрид, хотел „Инекс Горица“, во  периодот од 5 до 7 јули 2017 година.

Народната банка на Република Македонија објавува извештај со најновите основни економски покажатели. Во прилог ја пренесуваме информацијата.

http://www.nbrm.mk/?ItemID=750FC531FC3D1B49B16440313562D400

Управата за јавни приходи информира дека во случај на неподнесена МПИН пресметка, УЈП ги утврдува придонесите по службена должност, согласно измените и дополнувањата на член 23 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување од 17.10.2016 година.

Нов образец ДДВ-01

Управата за јавни приходи информира дека сите даночни обврзници кои имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01) истото треба да го направат со поднесување на новиот образец ДДВ-01 објавен во „Службен весник на Р.М.“ бр.216/16 од 15.12.2016 година, кој е достапен на веб страницата на Управата за јавни приходи на следниов линк http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/189

Стапки на придонесите од задолжително социјално осигурување

Врз основа на член 9 од Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување („Службен весник на РМ“,бр.180/2014), стапките по кои се пресметуваат и плаќаат придонесите од задолжително социјално осигурување почнувајќи со исплата на платата за месец јануари 2017 година, не се променети во однос на 2016 година.

Најдоцна до 25 овој месец фирмите имаат обврска на работниците да им издадат збирна пресметка за исплатени приходи, платен персонален данок и придонеси за минатата година.

Најдоцна до 15 март задолжително треба да се поднесе годишна даночна пријава, доколку во изминатата 2016 година, освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, се остварени и дополнителни приходи.

Страница 78 од 78

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69