×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 561

Најнови информации

Министерството за финансии информира дека тим на Министерството и на Царинската управа, предводен од министерот Драган Тевдовски и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски, оствари средба со директорот на Царинската управа и помошник-министер за финансии на Хрватска, Хрвоје Човиќ и претставници на хрватската царина.

Каматните стапки и на кредитите и на депозитите во август годинава не забележуваат промена во однос на претходниот месец и се задржаа на ниво од 5,9 отсто кај кредитите и 1,5 отсто кај депозитите, објави Народна банка на РМ.

Рафинериските и малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 3,83%, односно за 2,80% во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија од 18.09.2017 година, се наведува во денешната Одлука за определување највисоки цени на одделни нафтени деривати утврдени согласно Методологијата на Регулаторната комисија за енергетика на РМ.

Управата за јавни приходи го објавува распоредот на мобилните даночни шалтери за октомври 2017 година.

Бруто-домашниот производ во 2016 година изнесува 598 881 милиони денари и во однос на 2015 година е номинално зголемен за 7.1%. додека пак реалната стапка на раст на БДП во 2016, во однос на 2015 година, изнесува 2.9%, објави Државниот завод за статистика, повикувајќи се на податоците добиени од годишните сметки на деловните субјекти и други извори.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во август 2017 година, во однос на август 2016 година, изнесува 103.1, објави Државниот завод за статистика.

Индексот на индустриското производство во август 2017 година, во однос на август 2016 година, изнесува 94.7, објави Државниот завод за статистика.

Во првите шест месеци од годинава просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата изнесува 5,017 денари по киловат час, што претставува пад од 1,3 отсто во споредба со второто полугодие во 2016 година, објави Државниот завод за статистика.

Страница 82 од 106

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69