Најнови информации

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во септември 2019 година, во споредба со август 2019 година, е намален за 0.1 %. Споредено по групи на услуги, намалување е забележано во групите Храна за 0.1 % и Алкохолни пијалаци за 0.7 %, додека во групата Безалкохолни пијалаци е забележано зголемување за 0.4 %.

Индексот на цените на угостителските услуги во септември 2019 година, во однос на истиот месец од претходната година, остана на исто ниво.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари - септември 2019 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 1.3 %, додека во однос на декември 2018 година остана на исто ниво.

3 октомври 2019, Скопје - Финансиските институции мора да ги следат промените што неизбежно доаѓаат. Веќе се зборува за финтек и иншуртек, за примена на дигиталната технологија во финансиските и осигуритeлните услуги. Иновациите во деценијата што доаѓа ќе креираат потполно нов финансиски пејзаж. Потрошувачи кои се сигурни во барањата водени од вредности, идните технолошки иновации, новите начини на работа и континуираното влијание на регулаторната рамка може да дефинираат финансиски екосистем многу поразличен од оној што го гледаме денеска. За да се искористат можностите што ги носат промените, мора да се зголеми довербата на јавноста, да се пресретнат стратешките предизвици и да имате чиста визија за вашата улога во финансискиот систем, рече министерката за финансии Нина Ангеловска на седмиот Ерсте инвеститорски појадок на банкарите и инвеститорите, во Скопје.

Институтот на сметководители и овластени сметководители информира дека Регистарот на овластени сметководители и Регистарот на сметководители се дополнети со носители на уверенија за кои е завршена постапката за упис, согласно Законот за вршење сметководствени работи.

Почитувани,
Централниот регистар започнува со спроведување на акција – Отворени денови со граѓаните.
За време на отворените денови, стручен тим од Централниот регистар, предводен од Директорката Марија Бошковска - Јанковски ќе биде присутен во градовите каде што Централниот Регистар има регионални регистрациони канцеларии и тоа во Тетово, Куманово, Битола, Штип, Кочани, Струмица, Велес, Прилеп, Скопје, Охрид.

* Распоред за отворени денови



Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, изнесува 105.5.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена  и социјална заштита (12.4 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (9.9 %) и Транспорт и складирање (9.4 %).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (2.1 %), Дејности на здравствена  и социјална заштита (2.0 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (2.0 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јули 2019 година, изнесува 37 268 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, изнесува 104.3.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (10.6 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (9.8 %) и Транспорт и складирање (7.4 %).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (2.1 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (1.9 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (1.9 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2019 година, изнесува 25 104 денари.

Почитувани,

Во продолжение возниот ред на мобилните даночни шалтери на УЈП за месец Октомври

 

* Возен ред

Линк од оригиналната вест

Институтот на сметководители и овластени сметководители информира дека Регистарот на овластени сметководители и Регистарот на сметководители се дополнети со носители на уверенија за кои е завршена постапката за упис, согласно Законот за вршење сметководствени работи.

Страница 11 од 92

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69