Најнови информации
Неофицијалните регистри на сметководители и овластени сметководители се дополнети со нови лица кои поднеле барање за стекнување уверение, ги исполниле условите предвидени со Законот за вршење сметководствени работи и се стекнале со уверение за овластени сметководител, односно сметководител.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јули 2017 година, во споредба со јули 2016 година, бележи пораст од 1.2%, а индексот на цените на мало бележи пораст за 2.9%.
Собранието на Република Македонија вчера попладне го усвои ребалансот на Буџетот за 2017 година.
Според податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-јуни 2017 година, изнесува 146 245 756 илјади денари и бележи пораст од 16.2% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-јуни 2017 година, изнесува 199 947 002 илјади денари што е за 11.2% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Владата на Република Македонија на вчерашната седница го усвои предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата и со тоа ја започна законската процедура за зголемување на минималната плата на ниво од 12.000 денари.
Управата за јавни приходи ги модернизира процедурите на пријавување и плаќање на персоналниот данок од страна на фирмите, граѓаните и сметководствените бироа.
Во Службен весник бр.96 од 28 јули 2017 година е објавена Одлука на Народната банка на РМ за дополнување на одлуката за сметковниот (контниот план) за банките.