×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 561
JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 579

Најнови информации

Во услови на движење на клучните показатели за монетарната политика во согласност со проекциите, поволните економски основи и отсуството на нерамнотежи во економијата, но при сѐ уште присутни ризици во второто тримесечје, постојната монетарна поставеност засега е соодветна, се вели во соопштението од седницата на Советот на Народната банка на Република Македонија, на која беше разгледан и усвоен Кварталниот извештај.

Советот на Народната банка на Република Македонија, врз основа на предвидениот распоред и динамика на активностите, усвои Одлука за издавање и Одлука за пуштање во оптек на кованa пари за колекционерски цели „свети Серафим Саровски Чудотворец“. Кованaта парa е со апоен од 2.000 денари и во количина од 50 парчиња.

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Р.М. Ве потсетува дека на 31 јули 2017 година истекува рокот за поднесување на Квартален извештај за побарувања и обврски врз основа на трговско работење (КИПО).

Реалниот раст на БДП во првиот квартал (К1) на 2017 година изнесува 0,0% на годишна основа, при што домашната побарувачка има позитивен придонес во економскиот раст, додека придонесот на нето-извозот во растот е негативен, се вели во извршното резиме на Полугодишниот извештај за извршување на Буџетот во 2017 година што го објави Министерството за финансии.

Регулаторната комисија на седницата одржана на 24.07.2017 година донесе Одлука за определување највисоки цени на одделни нафтени деривати утврдени согласно Методологијата, со која се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,24%, односно за 0,17% во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија од 10.07.2017 година.

Народната банка на Република Македонија почнувајќи од јули 2017 година ќе започне со објавување на нови детални прегледи за состојбата на вложувањата на резиденти во странски хартии од вредност.

Институт на сметководители и овластени сметководители на РМ потсетува дека утре, 25 јули 2017 година, истекува рокот за задолжително поднесување на даночна пријава на образец „ДДВ-04” по електронски пат преку е-Даноци , за сите кои вршат стопанска дејност, регистрирани се за целите на ДДВ и се месечен или тримесечен даночен обврзник.

Страница 112 од 123

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69

 

Веб-страницата на ИСОС користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).