ОБУКИ И ПРАКСА

Почитувани, Во продолжение  список на сметководители и овластени сметководители упишани во соодветните регистри кои согласно Законот за вршење на сметководствени работи посетиле континуирано професионално усовршување во 2017 година.

Известување за КПУ

Во прилог објавуваме линкови до програмите и термините за одржување на континуирано професионално усовршување, што ги објавуваат акредитираните консултантски куќи.

Договор за соработка - КПУ

Согласно Договорот за соработка, член 2, потпишан меѓу Институтот на сметководители и овластени сметководите на РМ и Институтот на овластени ревизори на РМ на ден 18.10.2017 година ја објавуваме следната информација:
Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ Ве известува дека согласно член 19 од Законот за вршење на сметководствени работи и годишната програма е извршена акредитација за континуирана професионална едукација. За почеток на задолжителното континуирано професионално усовршување се утврдува 01 октомври 2017 година.    
Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија информира дека континуирано професионално усовршување (КПУ) претставува постојано стручно усовршување со цел надградување на теоретските и практичните знаења и вештини заради професионално и ефикасно вршење на сметководствените работи во согласност со Законот за вршење на сметководствени работи.
Законот за вршење сметководствени работи, член 19, пропишува задолжителни обуки за сметководители и овластените сметководители заради надградување на знаењето во областа на сметководството.

ЗА НАС

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија е професионално здружение на сметководителите и овластените сметководители, основано во согласност со Законот за вршење на сметководствена дејност. Институтот се основа со цел унапредување на сметководствената професија и организирано делување.

КОНТАКТ ИНФО

Ѓуро Стругар бр.5
(зграда Технометал Вардар)
кат 1, лок 132/133
1000 Скопје, Р. Македонија

+389 (0)2 3200030

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Жиро Сметка
Прокредит Банка
380-1771093051-38

НЛБ Тутнска Банка
210-0682971602-69