Lajmet e fundit

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ

Почитувани,

Поради техничкиот проблем со линкот Ве известуваме дека рокот за ажурирање на податоци се продолжува до 29.01.2023 година.

Институтот на сметководители и овластени сметководители Ви се извинува за техничкиот проблем.

Поради дополнителниот рок до 29.01.2023 (недела), a во интерес на сите сметководители и овластени сметководители кои не ги ажурираа своите податоци, официјалните регистри ќе бидат објавени на веб страната на Институтот, по завршување на периодот за ажурирање.

Линк за ажурирање:

https://smetkovoditel.isos.com.mk/login

Ви благодариме за разбирањето.

Со почит,

ИСОС

Почитувани,

Институтот на сметководители и овластени сметководители Ви се извинува и Ве известува дека поради технички проблеми на кои моментално се работи, линкот за ажурирање ќе биде достапен во текот на денешниот и утрешниот ден.

Линк за ажурирање:

https://smetkovoditel.isos.com.mk/login

Ви благодариме за разбирањето.

Со почит,

ИСОС

Почитувани,

Институтот на сметководители и овластени сметководители Ве потсетува дека во текот на утрешниот ден 26.01.2023 година ќе биде дозволено ажурирање на податоците на следниот линк:

https://smetkovoditel.isos.com.mk/login

Би сакале да потенцираме дека линкот за ажурирање ќе биде достапен 24часа.

Ве молиме уредно ажурирајте ги Вашите податоци како би имале точни информации за ажирираниот соодветен регистар.

Со почит,

ИСОС

Годишна времена програма за континуирано професионално усовршување за 2023година

  Вршителот на должност Претседател на Институтот, согласно ЗВСР ја објавува времената програма за Континуирано професионало усовршување за 2023година, се со цел правните лица  кои имаат одобренија за спроведување  КПУ обуки непречено да ги спроведуваат обуките и сите посети на сметководителите на обуки и советувања од почеток на година им  се евидентираат како часови за континуирано професинално усовршување.

Оваа програма е времена се до формирање на органите на институтот и донесување на Годишна програма за континуирано префесионално усовршување.

Бр.

Наслов

1.

Годишно финансиско и даночно известување
на правни субјекти

 

Годишна сметка и финансиски извештаи - МСФИ / МСС за МСЕ:

-      МСС 1 Презентирање на финансиски извештаи
и оддели 3, 4, 5, 6 и 8 од МСФИ за МСЕ

-      МСС 27 Консолидирани и посебни финансиски извештаи
и оддел 9 од МСФИ за МСЕ

-      МСС 11 Договори за изградба и оддел 23 од МСФИ за МСЕ

-      МСС 12 Даноци на добивка и оддел 29 од МСФИ за МСЕ

-      МСС 10 Настани по периодот на известување и оддел 32 од МСФИ за МСЕ

-      МСС 24 Обелоденување за поврзани страни и оддел 33 од МСФИ за МСЕ

Годишна даночно известување:

-        Данок на добивка

-        Данок на вкупен приход

-        Данок на вкупен приход за непрофитни организации

-        Данок на личен доход

Годишна сметка и финансиски извештаи – Законска регулатива:

-        Закон за трговски друштва и подзаконски прописи

-      Закон за сметководство на непрофитни организации
и подзаконски прописи

2.

МСФИ и МСС за МСЕ

-      Мали и средни ентитети (оддел 1) и споредба со МСФИ;

-      Концепти и преовладувачки принципи (оддел 2)
и Рамка на ОМСС;

-      Сметководствени политики, проценки и грешки (оддел 10
) и МСС 8;

-      Извештај за парични текови (оддел 7) и МСС 7;

-      Залихи (оддел 13) и МСС 2;

-      Недвижности, постројки и опрема (оддел 17) и МСС 16;

-      Нематеријални средства (оддел 18) и МСС 38;

-      Вложувања во недвижности (оддел 16) и МСС 40;

-      Обезвреднување на средствата (оддел 27) и МСС 2 и МСС 36;

-      Наеми (оддел 20) и МСС 17;

-      Резервирања и неизвесни обврски (оддел 21) и МСС 37;

-      Приходи (оддел 23) и МСС 18;

-      Државни поддршки (оддел 24) и МСС 20;

-      Трошоци за позајмување (оддел25) и МСС 23;

-      Користи за вработени (оддел 28) и МСС 19;

-      Специјализирани активности и земјоделие (оддел 34)
и МСС 41, МСФИ 6

-      Премин кон МСФИ за МСЕ (оддел 35) и МСФИ 1

-      Финансиски инструменти (оддел 11 и 12)
и МСС 32, МСС 39 и МСФИ 7

-      Вложувања во придружени ентитети и заеднички вложувања (оддели 14 и 15) и МСС 28 и МСС 31

-      Деловни комбинации и гудвил (оддел 19) и МСФИ 3,МСФИ 5

-      Обработка на актуелни теми;

-      Обработка на промените МСФИ кои се актуелни во дадениот период и преглед на последните промени.

3.

Контрола на квалитет во сметководство

-      Поставеност на контролата на квалитет согласно
новиот Закон за вршење на сметководствени работи;

-      Стандарди за контрола на квалитет;

4.

Кодекс на етика на МФС

-      Дел А: Општа примена на кодексот;

-      Дел Б: Професионални сметководители во јавна практика;

-      Дел В: Професионални сметководители во деловното работење;

-      Обработка на актуелни теми од делот на етиката и преглед на промените настанати по ажурирањето на Кодексот на етика.

5.

Даноци и даночно право

-      Актуелни теми од Данокот на додадена вредност;

-      Актуелни теми од Данококот на личен доход;

-      Актуелни теми од Данокот на добивка;

-      Актуелни теми од областа на социјалните придонеси;

-      Актуелни теми од Царинскиот закон;

-      Актуелни теми од Закон за даноци на имот;

-      Актуелни теми од Закон за акцизи;

-      Актуелни теми од Законот за минимална плата;

-      Актуелни теми од Закон за исплата на плати;

-      Актуелни теми од Законот за даночна постапка;

-      Промени на законски и подзаконски акти од даночната сфера.

6.

Законска регулатива

-      Закон за трговските друштва – статутарни промени, 
попис на средства и обврски и останати одредби;

-      Закон за вршење на сметководствени работи (интерни правилници кај обврзниците;

-      Законот за работните односи (законски и подзаконски акти);

-      Закон за сметководство за непрофитни организации;

-      Закон за јавни набавки;

-      Закон за облигациони односи;

-      Закон за банки;

-      Закон за јавни претпријатија;

-      Корпоративно право - делот на Финансиско известување  и сметководство

-      Промени на законски и подзаконски акти

7.

Информатичка технологија

-      Примена на ИТ во сметководството;

-      Специфики, трендови и новитети во ИТ;

-      ИТ системи;

-      Можности за примена на ИТ во сметководството

8.

Актуелни теми

-             обврски согласно со прописите за пречување перење на пари

-             обврски согласно со прописите за заштита
              на личните податоци

-             обврски според Законот за трговија
              и Законот за заштита на потрошувачите

-             известувања кон други органи

-             финансиска анализа и финансиски индикатори

-             трансферни односи и оданочувањето

-             “Soft skills“(Меки вештини)

  • Програмските едукации може да се спојат и да се понудат како еднодневни, дводневни или повеќедневни едукации во траење од 8 часа дневно. Еден час е во траење од 40 минути. По завршување на презентирање на  секоја одделна тематска област да се обезбеди простор за одговори на поставени прашања од страна на присутни сметководители и овластени сметководители.
  • При објава на програмските едукации за континуирана професионална едукација потребно е јасно да се стави до знаење кои сектори се планирани со едукацијата, односно да се потенцираат целните групи сметководители и овластени сметководители за кои се однесува едукацијата.

 

Весна Прентоска
Вршител на должноста Претседател на
Институтот на сметководители и овластени сметководители

Почитувани членови,

Во врска со последните случувања за избор на правните лица кои даваат услуги за советување и едукација од областа на сметководството, финансиите, даноците, корпоративното право и работните односи и последните притисоци и јавувања во врска со изборот на истите, Ве известуваме дека по разгледување на поднесените барања од страна на пет члена комисија, ВД претседателот објави листа на правни субјекти кои ги исполнуваат условите согласно член 30 од ЗВСР, и дека сите апликанти  кои не се објавени во соопштението од 13.01.2023 година поради неисполнување на условите или правно-формални недостатоци во поднесување на барањата  се информирани со решение издадено од Институтот. По разгледување  на приговорите доколку се исполнат условите согласно ЗВСР од 01.08.2022 година и се упишат во регистарот на правни лица кои спроведуваат обуки за КПУ, ќе може да вршат обуки за континуирано професионално усовршување.

Институтот одржа  состанок на 29.11.2022 година со 13 правни субјекти, од поканети 16 кои имаа претходна акредитација за вршење обуки за КПУ. На состанокот ВД Претседателот согласно член 72 став 6 точки и 4 и 5 ги информира истите  дека поради  периодот кој следува, а се однесува на советувања за завршни сметки кои се на почеток на година, ке изготви времена програма се до формирање на органите на институтот и ќе издаде јавен повик за сите заинтересирани правни субјекти да поднесат Барања за спроведување  КПУ обуки најдоцна до крај на 2022 година. Тоа беше направено се со цел да се издадат одобренија за спроведување КПУ  и упис во регистар на правни лица кои имаат одобрение за вршење на обуки за КПУ на почеток на година, како сите посети на сметководителите на обуки и советувања од почеток на година им  се евидентираат како часови за континуирано професинално усовршување.

Правните субјекти кои ќе поднесат барања  за добивање одобрение за спроведување на КПУ по објавување на Регистарот, по разгледување на поднесените барања, доколку исполнуваат услови согласно член 30 став 6 од ЗВСР истите ќе бидат упишани во истиот и објавени на веб страната на Институтот.

Исто така ги известуваме членовите дека Институтот Ви стои на располагање  доколку имате било какви прашања, предлози, сугестии, кои може да помогнат во подобрување на функционирањето на Институтот, заеднички да ги дискутирме, анализираме, се со цел да придонесеме во подобрување на сметководствената професија.

Со почит
Весна Прентоска
ВД Претседател

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани членови,

Институтот на сметководители и овластени сметководители Ве информира дека од понеделник 16.01.2023 година ќе работи во нови простории на следната адреса:

„Кеј 13. Ноември“ кула 2/8, ГТЦ, Центар, Скопје-  Главна дирекција на ГТЦ

Поради селење, во понеделник Институтот може има привремени технички прекини на комуникација.

Телефонските броеви на ИСОС остануваат исти 02/3200-030 и 070/283-807.

Ви благодариме на разбирање.

Со почит,
ИСОС

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ ги известува правните лица кои даваат услуги за советување и едукација од областа на сметководството, финансиите, даноците, корпоративното право и работните односи, согласно објавениот повик од 23.12.2022 година за добивање на одобрение за спроведување на обуки за континуирано професионално усовршување под надзор на Институтот, дека е завршена постапката за утврдување на исполнување на законските критериуми.

По спроведената постапката за утврдување на исполнување на законските критериуми комисијата составена од 5 члена достави до ВД Претседателот на Институтот список на  правните лица кои ги исполнуваат законските критериуми.

Правните лица на кои им се издава одобрение за спроведување на обуки се:

  1. Еуро консалт Плус Доо
  2. Економскко правен консалтинг ФВ
  3. Конто Профит Дооел
  4. Професионал Акаунт Дооел
  5. Прајсвотерхаускуперс ДООЕЛ-Друштво за консултантски услуги
  6. Про Агенс ДОО
  7. Рафајловски Консалтинг Доо
  8. Академија за банкарство и информатичка технологија-Скопје
  9. Ревизија Стојчевски

Правните лица кои по поднесеното барање, не добиле одобрение за спроведување на обуки за континуирано професионално усовршување под надзор на Институтот, имаат право во рок од 15 дена од приемот на решението за одбивање за доделување на одобрение за спроведување на обуки за континуирано професионално усовршување да поднесат писмен приговор до Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ.

 

Весна Прентоска
ВД Претседател
ИСОС

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ ги известува своите членови дека листа на правни субјекти кои имаат одобрение за спроведување на обуки за континуирано професионално усовршување ќе биде објавена на 13ти јануари, согласно повикот на Институтот од 23.12.2023.

Во рок од две недели од објавување на листата ќе биде усвоена времена програма за КПУ врз основа на која ќе се вршат обуките.

Институтот годишна  програма и правилник ќе  донесе по формирање на органите на Институтот.

Ова известување го даваме, по сознание дека одредени консултантски куќи не ги почитуваат роковите и правилата на Иститутот, а се однесуваат на континуирано професионално усовршување.

Со почит,
Весна Прентоска
ВД Претседател

Faqja 1 di 16

RRETH NESH

Instituti i Kontabilistëve dhe Kontabilistëve të autorizuar të Republikës së Maqedonisë është një shoqatë profesionale e themeluar në përputhshmëri me Ligjin për kryerjen e veprimtarisë kontabël. Instituti është themeluar me qëllim të përsosjes profesionale të kontabilistëve dhe organizimit të aktiviteteve tjera.

Kontakt info

Djuro Strugar Nr.5
(Ndërtesa Tehnometal Vardar)
kat 1, lok.132/133
1000 Shkup,
Republika e Maqedonisë

+389 (0)2 3200030

Questo indirizzo email è protetto dagli spambots. E' necessario abilitare JavaScript per vederlo.
Questo indirizzo email è protetto dagli spambots. E' necessario abilitare JavaScript per vederlo.
Questo indirizzo email è protetto dagli spambots. E' necessario abilitare JavaScript per vederlo.

Prokredit Banka
380-1771093051-38

NLB Tutunska Banka
210-0682971602-69